Украина: Од почетокот на конфликтот убиено 261 дете

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Вкупно 261 дете е убиено од почетокот на конфликтот во Украина, тврди денеска на Телеграм државното обвинителство на земјата.

„До 2 јуни 2022 година, вкупно 721 дете во Украина беше погодено од руската вооружена агресија во целосен обем. Според официјалните податоци на обвинителите за малолетници, 261 дете е убиено, а над 460 се повредени“, пишува „Укринформ“.

Овие податоци не се конечни, бидејќи се истражуваат во областите на борбени операции, привремено окупирани и ослободени подрачја.

Слични содржини