Украина одговори на предлогот на Русија, одбива неутралност во австриски стил

од Milan1

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот предлог Украина да прифати неутралност во австриски стил е неприфатлив за земјата.

Михајло Подољак, член на преговарачкиот тим на Украина, за локалните медиуми изјави дека секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат суверенитетот на земјата.

„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во преговарачкиот процес“, рече Подољак. „Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија“, додаде тој.

Јасно му е, вели, дека се споменува шведскиот или австрискиот модел.

„Затоа, моделот може да биде само украински и само со законски потврдени безбедносни гаранции. И без други модели или опции“, додаде тој.

Слични содржини