Пленковиќ доби мандат да формира влада

од Илинка Илиоска

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, го прими претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ кој му ги донесе потписите на 78 претставници.

– Денеска собравме 76 потписи за формирање нова, стабилна Влада на Република Хрватска, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на претставувањето на листа за европските избори – се вели во соопштението на ХДЗ на Х.

Милановиќ му даде мандат на Пленковиќ да формира влада.

Владиниот портпарол Марко Милиќ претходно најави дека премиерот Пленковиќ ќе му ги предаде на претседателот на Републиката потписите на пратениците во хрватскиот Сабор „кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство“.

Слични содржини