Украинскиот заменик министер за одбрана, Хана Маљар денеска изјави дека украинските сили постигнале дополнителен напредок во контраофанзивата започната минатата недела и досега ослободиле вкупно седум населени места од руската окупација.
Маљар на Телеграм напиша дека се ослободени уште три населени места Лобково, Левадна и Новодаривка во југоисточниот регион Запорожје, пренесе Ројтерс.
Украина претходно објави дека нејзините сили го зазеле четвртото село Сторожево, а во неделата објави дека се ослободени три села – Благодатне, Нескучна и Макаривка, кои се наоѓаат на границата на регионите Доњецк и Запорожје.