Украина отвора засолништа со греење, струја и вода

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Јавни засолништа т.н. Центри на непобедливоста ќе бидат отворени ширум Украина, во кои на најзагрозените граѓани ќе им биде обезбедена бесплатна струја, парно, вода, интернет, мобилна врска и лекови 24 часа, рече украинскиот претседател Владимир Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата.

„Доколку се повторат масовни руски напади и стане јасно дека нема да има струја со часови, Центрите на непобедливост ќе ги отворат вратите за граѓаните“, рече Зеленски.

Руските напади го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на подолго време за околу 10 милиони потрошувачи, што украинскиот оператор на националната електро-мрежа го нарече „колосална штета“.

Слични содржини