13
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е поканета на самитот на НАТО во Хаг, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.
Зеленски им рече на новинарите дека во понеделник имал средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави Украинска правда.
„Поканети сме на самитот на НАТО. Мислам дека ова е важно“, додаде Зеленски.