Украина: Постепено напредуваме во регионот Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Украина денеска соопшти дека нејзините сили се во дефанзива против руските сили во близина на Купјанск на истокот од земјата, додека нејзините војници напредуваат во областа Бахмут.

„Два последователни дена непријателот активно напаѓа во секторот Купјанск во областа Харков. Ние сме во одбранбена позиција“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.

Таа додаде дека има жестоки борби и дека позициите се менуваат неколку пати на ден.

Украина соопшти дека нејзините војници напредуваат и кон источниот град Бахмут, за кој Русија објави дека го освоила во мај.

„Постепено напредуваме во регионот Бахмут. Се остварува секојдневен напредок на јужното крило околу Бахмут. На северното крило се обидуваме да задржиме позиции додека непријателот напаѓа“, напиша Маљар на Телеграм.

Слични содржини