Украина: Постои опасност од „голема војна“ со Русија

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Русија може да го затвори Азовското Море за украински бродови, но тоа би предизвикало „голема војна“ со Украина. Тоа го тврди поранешниот заменик началник на Оружените сили на Украина, генерал Игор Ромањенко во текст за Апостроф.

Сепак, Ромањенко смета дека воен судир со Москва би бил нецелисходен за Киев бидејќи нема да може да одговори на руската армија.

Тој додава дека Западот нема да испраќа трупи во Украина бидејќи стравува дека со тоа би почнала трета светска војна.

-Единствена помош на која Киев може да смета е дипломатска и економска, истакнува Ромањенко.

– Војска нема да ни испратат бидејќи Западот не сака таа војна да се прошири на глобално ниво и да прерасне во Трета светска војна. Тие активно ќе помагаат, но нема да се борат за Украина, истакнува тој.

Ромањенко смета дека против Русија може да бидат заострени санкциите, но се сомнева во нивната ефикасност.