Украинската противвоздушна одбрана собори 24 од 29 руски дронови лансирани при напади на нејзина територија во текот на ноќта, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека дроновите се уништени над Одеса и Николаевската област, на југот на земјата, како и централниот регион Кироворад, пренесува „Ројтерс“.
„Непријателот ги продолжува своите обиди да го уништи пристаништето и другата инфраструктура на југот, ги тероризира и централните региони“, соопшти јужната команда на армијата на Украина.
Соопштено е дека е погоден неутврден инфраструктурен објект во Кировоградската област и дека пожарот е локализиран и дека нема информации за жртви, пренесува „Танјуг“.