Украина: Русија планира ескалација на војната во следните три недели

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Русија планира ескалација во Украина, што би можело да се случи дури и во следните две до три недели, вели Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.

Данилов во интервју за „Скај њуз“ вели дека најтешките борби допрва претстојат, а дека следните неколку месеци ќе бидат клучни.

Тој ги повика западните сојузници да испратат повеќе оружје, вклучувајќи го и британскиот Тајфун и борбени авиони од другите партнери.

Слични содржини