Заменичката на украинскиот министер за одбрана изјави дека Русија носи борци на платеничката група „Вагнер“ од линијата на фронтот во Бахмут во источна Украина, пренесоа украинските медиуми.
Хана Малиар тоа наводно го изјавила само неколку часа откако лидерот на оваа група, Евгениј Пригожин, објавил дека неговите борци ќе се повлечат од тој град.
Малиар изјави за украинските медиуми дека Москва сака да го освои градот пред празникот Денот на победата 9 мај.
Пригожин претходно со ненадејна и драматична најава најави дека неговите сили ќе го напуштат Бахмут, кој се обидуваат да го заземат од минатото лето. Тој на социјалните мрежи објави видео како шета меѓу телата на загинатите борци, за кои рече дека се борци од „Вагнер“.
На видеото тој вика и ги навредува министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов, барајќи од рускиот министер за одбрана повеќе муниција.
Тој рече дека неговите војници ќе го напуштат градот на 10 мај, објави Би-Би-Си.