150
Русија изврши артилериски и воздушни напади во регионот на Запорожје, соопшти денеска украинскиот Генералштаб, а новите борби во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа ги обновуваат стравувањата од катастрофален нуклеарен инцидент, пренесува „Ројтерс“.
Украина соопшти дека Русија истрелала артилерија и извршила воздушни напади врз неколку градови во регионот Запорожје, каде што руските сили ја зазеле нуклеарната централа, веднаш откако ја нападнале Украина на 24 февруари.
Артилерискиот и ракетниот оган во близина на комплексот нуклеарни реактори Запорожје, на јужниот брег на реката Днепар, доведе до повици за демилитаризирање на областа.