Украина: Русија употреби отровни хемикалии во Мариупол

од Nikola Popovski

Претседателката на парламентарната комисија за интеграција на Украина во ЕУ, Ивана Климпуш, напиша на Твитер дека руските сили денеска во Мариупол употребиле „непозната супстанца“, за која тврди дека е „најверојатно хемиско оружје“.

„Супстанцијата беше дистрибуирана со дрон, а жртвите добија отежнато дишење и вестибулоцеребеларна атаксија“, пишува Киев Индипендент, повикувајќи се на извори од баталјонот Азов во Мариупол, додавајќи дека ова би можело да биде првата позната употреба на хемиско оружје во Украина од страна на руските сили.

 

 

Слични содржини