Украина: Руската армија ја напуштa нуклеарната централа Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
253 прегледи

Руските сили почнаа да ја напуштаат нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинското министерство за одбрана.

Да потсетиме, Русија ја окупираше централата во март минатата година, а Украина неодамна излезе со информација дека руските сили планираат да извршат терористички напад во електраната и соодветно на тоа одржаа вежби за подготовка за нуклеарна катастрофа.

„Според последните податоци, окупацискиот контингент постепено ја напушта територијата на нуклеарната централа. Тројца вработени во Росатом беа меѓу првите кои ја напуштија фабриката“, соопшти министерството на Телеграм, а пренесе „Скај њуз“.

„И на украинските вработени кои го потпишаа договорот со Росатом им беше препорачано да се евакуираат. Добиле инструкции да ја напуштат електраната до 5 јули“, пишува министерството и додава дека бројот на воени патроли околу нуклеарната централа постепено се намалува.

Слични содржини