Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека денешните нови руски ракетни напади биле насочени кон капацитети за производство на гас и фабрика за ракети, пренесе агенцијата „Интерфакс Украина“.
„Во моментов ракети летаат над Киев. Сега тие го бомбардираат нашето производство на гас, нашите претпријатија во Дњепар и Јужмаш (фабрика за ракети)“, рече украинскиот премиер на прес-конференција, пренесе „Ројтерс“.
Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади.