184
Руските сили денеска гранатираа здравствена установа во Херсон и го погодија породилното одделение на болницата, објави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.
Тимошенко на Телеграм напиша дека зградата е оштетена, но дека медицинските работници, пациентите и децата не се повредени.
Тимошенко објави и фотографија од местото на гранатирањето, објави украинскиот сајт prm.ua.