140
Портпаролот на Источната воена команда на Украина, Серхиј Черевати, денеска изјави дека руските сили се „многу далеку“ од заземање на Бахмут и дека борбите се водат околу зградата на градската администрација, за која руската паравоена група „Вагнер“ тврди дека на неа го подигнала руското знаме.
Черевати за „Ројтерс“ телефонски изјави дека Бахмут е украински.
„Бахмут е украински, тие ништо не презеле и се многу далеку од тоа да направат такво нешто, најблаго кажано“, истакна Черевати.