Украина се надева на сериозни и одговорни преговори со Русија

Украинскиот тим останува ист и „беше формиран земајќи ги предвид воените, политичките и безбедносните компоненти на процесот“, напиша Умеров на Телеграм.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Украина се надева на „сериозни и одговорни“ преговори со Русија со поддршка на Соединетите Американски Држави во Женева на 17 и 18 февруари, објави денес шефот на украинската делегација, Рустем Умеров.

Украинскиот тим останува ист и „беше формиран земајќи ги предвид воените, политичките и безбедносните компоненти на процесот“, напиша Умеров на Телеграм.

Москва претходно денес објави дека следната, трета рунда трилатерални разговори ќе се одржи во Женева на 17 и 18 февруари, и дека овој пат рускиот претседателски помошник Владимир Медински ќе ја предводи руската делегација, наместо Игор Костјуков, шефот на воената разузнавачка служба.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека трилатералните разговори во Женева ќе продолжат следната недела