Русија во понеделникот соопшти дека соборила девет украински беспилотни летала кои се обиделе да нападнат дел од инфраструктурата на гасоводот Турски тек, кој носи руски гас до Турција и Европа.
Според руското Министерство за одбрана, цел на нападот била компресорска станица во Краснодарската област на југот на Русија. И покрај обидот за напад, објектот работи нормално и нема информации за жртви.
Ројтерс не беше во можност самостојно да го потврди инцидентот, а немаше официјална реакција од Украина.
Гасоводот Турски тек започнува од компресорската станица Рускаја, во близина на градот Анапа, и се протега до Кијикој во Турција, а оттаму се до Европа. Компресорските станици играат клучна улога во стабилизирањето на притисокот и протокот на гасот.