240
Украина денеска започна со обиди да овозможи работа на два реактора во нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на Русија, изјави гувернерот на регионот Олександр Старук.
„Техничарите работеа и го вратија снабдувањето со електрична енергија и моментално шестиот блок е со капацитет од 10 отсто. Петтиот блок е во процес на обновување на работата“, навел тој, пренесе „Ројтерс“.
Државната нуклеарна компанија „Енергоатом“ претходно денеска објави дека сите шест реактори на нуклеарната централа Запорожје се уште се исклучени од украинската електрична мрежа.