Украина формираше осум нови бригади војници за да учествуваат во идната контраофанзива во услови на зголемени шпекулации за времето на нејзиното спроведување и прашањето дали Украина може да успее да им нанесе сериозен пораз на руските напаѓачи.
Министерството за внатрешни работи на Украина во вторникот објави дека почетните „олујни“ бригади, составени од до 40.000 војници, се целосно формирани, но дека им е потребна дополнителна обука и учество во борбите.
Ихор Клименко, министерот за внатрешни работи, во интервјуто рече дека војниците ќе бидат повторно опремени и дека процесот на дополнителна обука ќе трае две до три недели, по што ќе бидат задолжени за „соодветни офанзивни јуришни операции“ заедно со украинскиот армија, пренесува „Гардијан“.
Има прашања за тоа колку е успешен процесот на регрутирање за „олујните“ сили, со оглед на загриженоста дека бројот на борбено подготвени Украинци се намалува како што војната го достигнува 15 месеци траење.