УКРАИНСКИТЕ сили наоѓаат зголемен број кинески делови во руското оружје што се користи во Украина, изјави за Ројтерс висок советник од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
„Продолжуваме да наоѓаме разновидна електроника во оружјето пронајдено на бојното поле“, рече Владислав Власиук, кој го советува шефот на кабинетот на претседателот за политиката на санкции.
„Сега трендот е дека има помалку компоненти произведени на запад, но веќе не е тешко да се погоди која земја ги произведува компонентите. Се разбира, Кина“, рече Власиук преку видео повик.
Кина постојано негира дека испраќа воена опрема во Русија од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година. Нападот беше поттик за западните санкции, кои вклучуваат испраќање воена и технологија за двојна употреба, како што се микрочипови кои можат да се користат во обични уреди или оружје.
Украинските експерти собраа разузнавачки информации од бојното поле и ги споделија со Ројтерс. Тие наведуваат дека во навигацискиот систем на дронот Орлан биле пронајдени компоненти од кинеско производство.
Експертите известија и за откривање на кинески делови во системот за контрола на оган во руски тенкови кои претходно користеле делови од француско производство.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди разузнавачките податоци и дали споменатите компоненти можеби биле наменети за невоена употреба или биле преместени во Русија од трета страна.