Секретарот на Комитетот за национална безбедност, одбрана и разузнавање на Врховната рада, Роман Костенко, денес објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишал указ за повлекување на Украина од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини.
„Тукушто бев информиран дека претседателот на Украина потпишал указ со кој се стапува во сила одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за повлекување на нашата држава од Конвенцијата од Отава, меѓународен договор со кој се забранува употреба, складирање и производство на противпешадиски мини“, напиша Костенко на Фејсбук.
Тој оцени дека ова е чекор што реалноста на војната одамна го бара.