Украинците денеска го слават православниот Велигден со молитви за оние кои се борат на фронтот и сите оние кои се под опсада на руската армија.
Стотици верници утрово се собраа во киевската катедрала Свети Владимир.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика Украинците да не дозволат нивниот гнев поради војната да ги совлада.
„Сите ние веруваме дека нашето изгрејсонце наскоро ќе дојде“, рече тој.
Украинската армија денеска соопшти дека Русите ја продолжиле офанзивата на Донбас, а челичарницата Азовстал, последното упориште на украинската армија, се уште е под воздушни напади.