Украина собори 439 руски дронови и 39 ракети во последните 24 часа

Воздушната одбрана на Украина неутрализираше 439 дронови од различни видови и 39 ракети со кои Русија ја таргетираше земјата од синоќа

од Nikola Popovski
33 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Воздушната одбрана на Украина неутрализираше 439 дронови од различни видови и 39 ракети со кои Русија ја таргетираше земјата од синоќа, објави денес Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.

Во соопштение објавено на Фејсбук се наведува дека од 20:00 часот на 4 октомври, Русија изврши комбиниран напад врз територијата на Украина користејќи ударни дронови, ракети од воздух, море и копно, пренесува Укринформ.

Во соопштението се додава дека во изминатите 24 часа, радиотехничките трупи на украинските воздухопловни сили откриле и следеле 549 возила за воздушен напад.