Граничната служба на Украина денеска соопшти дека шверцери од земјата се обиделе да прошверцуваат виолина Страдивари направена од италијанскиот мајстор во 1730 година.
„Музичкиот инструмент, изработен во 1730 година, е откриен при царинска контрола на автобусот на пунктот Паланка-Мајаки-Удобноје на украинско-молдавската граница. Виолината е предадена на вештаци“, соопштија од Управата на Телеграм, пренесува Тасс.
Според информациите, станува збор за украински државјанин кој се обидел да ја прошверцува виолината.
Царинската служба на регионот Одеса соопшти дека сличен инцидент се случил на почетокот на оваа година во кој учествувал украински државјанин кој се обидел да го прошверцува инструментот во Бугарија, додава Танјуг.