Украинските власти се уште немаат сигурни информации за тоа кој бил во соборениот руски авион Ил-76, соопшти денеска Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана.
„Денеска требаше да има размена на затвореници, но тоа не се случи. Според руската страна, ова се случило поради соборувањето на рускиот авион Ил-76, кој наводно ги превезувал нашите заробени ловци. Нема доверливи и сеопфатни информации за тоа кој точно бил во тој авион и во колкав број“, се наведува во соопштението за печатот на воената разузнавачка служба на Украина, пренесува новинската агенција УНИАН.
Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана нагласи дека украинската страна ги исполнила сите договори во врска со подготовката на размена на заробеници и, соодветно, руските воени затвореници биле префрлени на време на договореното безбедно место за размена.