Украина тврди дека Русија не побарала да се обезбеди воздушниот простор околу Белгород

од Stefanija Kuzmanovska
732 прегледи

Украина не доби ниту писмено, ниту усно барање од Русија да се обезбеди воздушниот простор околу областа Белгород каде што се урна рускиот воен транспортен авион, изјави за Радио Свобода портпаролот на украинското воено разузнавање, Андриј Јусов.

Русија претходно објави дека воениот авион „Иљушин“ превезувал 65 заробени украински војници и го обвини Киев дека го соборил.

Јусов рече дека Киев нема доволно докази за да верува во тоа.

Слични содржини