373
Украинската служба за внатрешна безбедност во петокот соопшти дека пресретнала телефонски повик кој докажал дека руските сили ја разнеле хидроелектраната и браната Каховка во регионот Херсон во јужна Украина.
Службата за безбедност на Украина на својот канал на Телеграм објави аудио снимка во траење од една и пол минута од наводниот разговор, пишува „Гардијан“.
Да потсетиме, уништена е голема брана во областа под контрола на руската армија на југот на Украина, по што дошло до голема поплава.
Десетици илјади луѓе се евакуирани од околу 30 градови и населени места, а властите стравуваат дека поплавите ќе имаат катастрофални последици.
Украинската војска и НАТО ја обвинија Русија за кревање на браната во воздух, додека Москва го обвинува Киев.