Украина: Уништени 10 од 17 лансирани руски дронови

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Украинските сили уништија 10 од 17 дронови со кои Русија синоќа ја нападна Украина, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Покрај беспилотните летала Шахед, Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети С-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Херсон, пренесува украинската агенција Униан.

Нападот траел неколку часа.

Слични содржини