Украинската војска уништила 21 од вкупно 49 дронови лансирани ноќеска од Русија, јавија западните медиуми, повикувајќи се на воздухопловните сили во Киев.
Повеќето од руските дронови биле насочени кон украинските линии на фронтот, како и кон цивилни, воени и инфраструктурни локации во регионите Харков, Херсон, Николаев и Запорожје во Украина, додаваат од воздухопловните сили.