Украина: Утрово уништени 19 од 28 руски дронови и проектили

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Украинската армија соопшти дека рано утринава уништила 19 дронови и проектили од вкупно 28 лансирани од Русија.

„Три проектили лансирани од Црното Море и 16 беспилотни летала беа соборени. Гранатирањето продолжува речиси секојдневно“, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат, пренесе „Ројтерс“.

Русија овој месец го зголеми бројот на ракетни напади, а украинските власти тврдат дека причина за тоа е стравот на Москва од очекувана контраофанзива.

Слични содржини