Украина во контраофанзива во три области, еве каде оствари победи

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Како што објави Институтот за проучување на војната (ISW) во својата најнова анализа, Украина започна со контраофанзивни операции во најмалку три области.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар извести дека украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во областа Бахмут, а руски извори објавија дека продолжуваат украинските копнени напади на северното и јужното крило на тој град.

Геолокацирани снимки и руски извори покажуваат дека украинските сили ослободиле неколку населби за време на постојаните копнени напади јужно, југозападно и југоисточно од Велики Новосилк во западната Доњецка област, наведе ISW.

Како што јавува Би-Би-Си, украинските сили ослободиле три села на југоистокот на земјата во првите победи од нивната долгоочекувана контраофанзива.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како украинските војници слават во населбите Благодатне и Нескучна во Доњецката област, а како што информираат Украинците, ослободена е и блиската Макарива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата објави дека долгонајавуваната украинска контраофанзива започнала. Москва се уште не потврдила дека ги изгубила овие села.

Иако окупацијата на три села бележи најголем напредок во последно време, треба да се каже дека тоа се релативно мали места. Пред војната, Бладотне имал само 1.000 жители.

Слични содржини