142
Шефот на комисијата за енергетика на украинскиот парламент, Андрија Херус денеска изјави дека Украина во моментов има доволно гас и струја за да ги задоволи потребите, но дека не е сигурен дека тоа ќе може да го обезбеди подоцна наесен.
„Денес, ако зборуваме за количината на гас, имаме доволно. Ние трошиме помалку гас отколку што произведуваме, па дури и денес пумпаме гас во подземни складишта“, рече Херус во гостувањето на националната телевизија, според Ројтерс.
„Во земјата има доволно ресурси за гас и електрична енергија“, рече Андриј Херус, шеф на комисијата за енергетика на украинскиот парламент.