Украинската противвоздушна одбрана собори 34 од 35 руски дронови лансирани во текот на ноќта во голем напад врз 12 украински региони, соопштија во четвртокот украинските воздухопловни сили.
Русија лансираше беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство во неколку бранови од околу 20:00 часот во средата навечер до 3:30 часот во четвртокот, се вели во соопштението на воздухопловните сили.
Предупредувањата за воздушни напади во бројни украински региони во центарот, југоисточниот и северниот дел на земјата траеја со часови. Во моментов нема извештаи за поголема материјална штета или жртви, јавува „Ројтерс“.