Укараинскаста амбасада во Македонија во врска со последните настани на релација Москва -Киев излезе со соопштение во кое ги објаснуваат настаните на како што велат оружената агресија од руската страна врз бродови на Украина.Ви го презентираме во целсот:
По окупацијата на Крим и вооружената агресија на истокот на Украина Кремљ отпочна нова фаза на борба со Украина – се спроведува економска блокада на украинските пристаништа во Азовското Море и на секој начин се комплицира морепловството во Црното Море.
На 25 ноември, бродовите на поморските сили на вооружените сили на Украина, составени од две мали оклопни артилериски бродови “Бердянск” и “Никопол” и реморкер “Јана Капу”, спроведуваа планиран премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол во Азовското Море.
Руската страна навреме беше информирана за намерата со цел да се обезбеди безбедноста на навигацијата.
Пограничните бродови на Русиjа од типот “Собољ”, “Дон”, бродовите од типот “Мангуст”, “Суздалец” спроведоа отворено агресивни дејствија против бродовите на морнарицата на Украина. Пограничниот брод “Дон” намерно се судрил со нашиот реморкер.
После почетокот на движењето на поморската група на украинските вооружени сили кон излезот од Керченскиот теснец, руските бродови ги следеа и во ултимативната форма бараа украинските бродови да застанат под закана од употреба на оружје. И покрај закани и провокации, украинската морнарица продолжи извршување на задачата.
По напуштањето на 12-километарската зона, бродовите на ПС ФСБ на РФ отвориле оган врз група бродови на поморските сили на вооружените сили на Украина. Оружјето било искористено за пораз.
Малите оклопни артилериски бродови “Бердянск”, “Никопол” беа погодени од огнот на непријателот и престанале да се движат. Реморкерот “Јана Капу” исто така е принуден да застане. Бродови запленети од руските специјални сили, 6 украинските војници се здобиле со повреди и се во тешка состоjба.
Дејствијата на Руската Федерација се противправно прекршување на Повелбата на ООН и Конвенцијата на ОН за Морското право.
И треба да се спомене дека само еден ден пред тоа Министерството за надворешни работи на Украина официјално изјави дека во декември оваа година ќе поднесе на разгледување на Генералното Собрание на ООН нацрт-резолуција за милитаризација од Русија на Црното и на Азовското Море.
Во врска со уште еден чин на агресија против Украина, претседателот П. Порошенко свика воен кабинет, по што следеше состанок на советот за националната безбедност и одбрана, на кој беше одобрена одлука на претседателот на Украина да се предложи воведување на воена состојба во период од 60 дена со цел да се спречи вооружената агресија и да се обезбеди национална безбедност, елиминирање на заканите за независноста на Украина и територијалниот интегритет.
Напад врз украинските бродови што извршувале морски премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол, во согласност со одредбите на сите применливи мултилатерални и билатерални меѓународни договори и правилата за навигација, е уште еден акт на вооружената агресија на Руската Федерација, како што е дефинирано во член 2 од Повелбата на Обединетите нации и одредбите од Резолуцијата на Генералното собрание на ОН 29/3314 од 14 декември 1974 година за дефинирање на агресијата. Русија, всушност, ги прошири своите воени операции против Украина на море.
Целокупната одговорност за натамошното влошување на ситуацијата во регионот на Азовско и Црно Море и поткопување на мирно решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт целосно е на Русија.
Денес, 26.11.2018 на барање на украинската страна, ситуацијата поврзана со најновиот чин на агресија на РФ против Украина ќе се разгледува на седницата на СБ на ОН, се вели во соопштението ан укараинскаста амбасада во Македонија