Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди одлуката на Советот за национална безбедност на земјата за санкции против 198 лица од областите на културата и медиумите од Русија.
Санкциите се насочени кон голем број истакнати руски новинари, ТВ водители и актери, меѓу кои режисерот Андреј Кончаловски, ТВ продуцентката Јана Рудковскаја, новинарката Марина Ахмедова и актерот Јегор Бероев. Киев воведе санкции и против украинската новинарка Дијана Панченко.
Санкциите вклучуваат блокирање на имотот, ограничување на личните трансакции, забрана за прелет и транспорт низ Украина и суспендирање на правата на интелектуална сопственост.
Против лицата на споменатата листа ќе бидат воведени лични санкции во период од 10 години, пренесува украински Интерфакс.