Украина: За еден месец ослободени повеќе од 600 населби

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружените сили на Украина во изминатиот месец ослободија повеќе од 600 населби од руската окупација, вклучително 75 во стратешки важната област Херсон, соопшти украинското министерство за реинтеграција на привремено окупираните територии, пишува „Гардијан“.

Околу 502 населби се ослободени во североисточниот регион Харков, каде што украинските сили напредуваа длабоко во руските линии минатиот месец, соопшти Министерството.

Наведено е дека се ослободени 43 населби во Доњецката и седум во Луганската област.

Слични содржини