Украина за инцидентот со дронот: „Ова е сигнал дека Путин ја шири зоната на конфликтот“

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Пристигна првата реакција на Киев на руско-американскиот инцидент со воениот дрон над Црното Море.

Олексеј Данилов, генерален секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека инцидентот покажал дека Русија е подготвена да ја прошири војната.

„Инцидентот со американскиот дрон MQ-9 Reaper, кој беше испровоциран од Русија над Црното Море, е сигнал на Путин дека е подготвен да ја прошири зоната на конфликтот и да вклучи и други страни во него“, објави Данилов на социјалните мрежи.

Слични содржини