„Украина засекогаш ги загуби Крим, Доњецк, Луганск“: Маск повторно шокира со предвидувања

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Милијардерот Елон Маск го поддржа мислењето на американскиот бизнисмен Дејвид Сакс, кој рече дека Украина ќе изгуби повеќе територии доколку одбие да преговара.

Сакс напиша на X дека Украина „засекогаш ги загубила Крим, Доњецк, Луганск, поголемиот дел од Херсонската област и Запорожје“. Според него, ако Киев сега не склучи „мировен договор“, ќе ги загуби и Харков, Одеса, „останатиот дел од регионот Херсон и многу повеќе“.

Тој додаде дека „патриотите“ кои мислат дека ѝ помагаат на Украина, само ја распарчуваат.

„Според мене, вашата проценка е точна“, ја коментираше Маск објавата на бизнисменот.

Москва постојано укажуваше дека е подготвена за преговори, но Киев ги забрани на законодавно ниво. Западот постојано ја повикува Русија да преговара, за што Москва покажува подготвеност, но Западот ги игнорира постојаните одбивања на Киев да се вклучи во дијалог.

Слични содржини