Украинските сили уништија „значајно“ складиште за муниција во близина на окупираниот пристанишен град Хеническ во јужниот регион Херсон, изјави во неделата Серхи Братчук, портпарол на воената администрација на Одеса.
„Нашите вооружени сили утрото зададоа добар удар – и тоа многу силен – во селото Рикове, во областа Хеническ, во привремено окупираната територија на регионот Херсон“, рече Братчук во утринската видео порака во неделата.
„Таму имаше многу значајно складиште за муниција“, додава тој.
That does not look like a healthy ammunition dump pic.twitter.com/7cOaYytOmG
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 18, 2023
Ројтерс не можеше независно да ја потврди информацијата. Нема моментален коментар од Русија за наводниот напад.
Украинските медиуми објавија видео снимки на кои се гледа како огромен облак од чад се издигнува далеку на хоризонтот со звуци на експлозии.
Селото Рикове е на околу 20 километри од Хеническ, пристанишен град на Азовското Море во јужна Украина, кој е окупиран уште од првите денови на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.