Украинците соборија помалку проектили од вообичаено, дали причината e недостигот на ракети?

од Vladimir Zorba
463 прегледи

Во раните утрински часови во саботата Русија изврши голем ракетен напад врз Украина, чија воздушна одбрана успеа да собори значително помалку проектили од вообичаеното.

Русија лансираше 37 проектили и три беспилотни летала, а осум проектили беа соборени, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на социјалните мрежи. Портпаролот на воздухопловните сили на почетокот на оваа недела изјави дека Украина сега се соочува со недостиг на ракети за противвоздушна одбрана. Се уште не е јасно дали тоа е причината за помалиот број на соборени проектили. Повеќето од ракетите користени во нападот биле екстремно брзи и многу потешки за соборување, соопштија од воздухопловните сили.

„Треба да се истакне дека повеќе од 20 (оружја) на списокот, кои не беа вклучени во бројот на соборените, не ги достигнаа своите цели, што е резултат на активни контрамерки за електронско војување“, се вели во соопштението. Не се дадени детали за целите на нападот. Според локалните власти од тие провинции, противвоздушната одбрана соборила руски ракети во најмалку пет региони низ Украина.

Погоден е големиот југоисточен град Днипро, изјави локалниот гувернер, но исто така не даде дополнителни детали. Полицијата во северниот регион Чернихив објави фотографија од голем кратер создаден од соборена ракета.

Оштетени се неколку приватни куќи и нестанбени објекти, практично уништена е една зграда, што е резултат на удар на фрагменти од непријателски ракети“, соопшти полицијата.

Слични содржини