Украинците споделуваат ВИДЕО: „Војската ве моли за молк“

од Stefanija Kuzmanovska
720 прегледи

Се повеќе украински функционери споделуваат видео на социјалните мрежи на кое украинската армија повикува на „молчење“. Истото вчера го направи и Антон Герашченко, советник во украинското министерство за внатрешни работи.

„Вооружените сили на Украина бараат молк во информативниот простор“, рече Герашченко со видео во кое наизменично се појавуваат снимки од војници кои ги креваат показалците кон устата во гест што симболизира тишина.

Се претпоставува дека видеото е објавено за да се повикаат Украинците да не објавуваат информации за долгоочекуваната контраофанзива.

Слични содржини