Украинските сили во неделата вечерта ја нападнаа касарната во Мелитопољ, град под руска окупација, а некои украински извори тврдат дека има многу руски жртви.
Според очевидци, се слушнале 10 експлозии, иако некои од нив можеби биле од руски противвоздушни системи. Украинските власти тврдат дека има многу загинати и повредени Руси, додека Русија признала само неколку жртви.
Напад на Мелитопољ
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат, како што се тврди, руска касарна во град во јужна Украина зафатен од огромен пожар, а некои тврдат дека локацијата ја користи платеничката група Вагнер.
Поранешното одморалиште и хотелски комплекс до црквата во Мелитопољ било користено како касарна, а повеќето од жртвите очигледно биле во мензата кога се случил нападот.
Нападот на Мелитопољ – наводно со ракети Химарс – беше еден од неколкуте напади во текот на ноќта врз руските бази. Во текот на ноќта експлозии беа регистрирани и на Крим под руска окупација, вклучувајќи ги Севастопољ и Симферопољ.
😈All that's left of the 🇷🇺 base in #Melitopol. pic.twitter.com/POqD2IjdLX
— M|§F|T 🇺🇸🇺🇦 (@am_misfit) December 12, 2022
Големи загуби
Украинските власти тврдат дека бил нападнат еден од локалните штабови на групата Вагнер и дека платеничката група претрпела големи загуби.
„Сигурен сум дека најмалку 50 отсто од оние кои успеале да го преживеат нападот ќе умрат пред да добијат лекарска помош“, изјави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај.
Looks like Ukrainians is hitting hard tonight. Major explosions reported from Belbek airport, Sevastopol, Simferopol, Yalta and Dzhankoy in occupied Crimea as well as Melitopol. #slavaUkraine #Ukraine #Russianinvasionofukraine #PutinIsAggresor #WeWillWin #ukraineunited3 pic.twitter.com/12AWNgu3xj
— Ukraine United (@ukraineunited3) December 12, 2022