Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила шест напредни руски хиперсонични ракети за време на синоќешниот напад во кој биле користени проектили и беспилотни летала.
Six Kh-47M2 "Kinzhal" aeroballistic missiles were launched from six MiG-31K aircraft, 9 Kalibr cruise missiles were launched from ships in the Black Sea, and three land-based missiles (S-400, "Iskander-M").
All of them were destroyed by the air defense forces of Ukraine. pic.twitter.com/9HXAknL4LE
— Igor Kyivskyi (@Igor_From_Kyiv_) May 16, 2023
„Нов неверојатен успех на украинските воздухопловни сили. Синоќа нашите бранители на небото соборија шест руски суперсонични ракети Кинжал и уште 12 други ракети“, објави на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
„Руските терористи немаат шанси да ја победат Украина. Нивното оружје ќе биде соочено со западното. Им благодариме на нашите авијациски војници и партнерските земји кои инвестираа во сигурноста на Украина и небото на цела Европа. Ајде да победиме заедно!“, додава тој.
Another unbelievable success for the Ukrainian Air Forces! Last night, our sky defenders shot down SIX russian hypersonic Kinzhal missiles and 12 other missiles.
80-1-6=❌
russian terrorists have no chance of prevailing over Ukraine. Their weapons can and should be countered by…
— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) May 16, 2023
Говорот на Резник доаѓа една недела откако Украина објави дека за првпат соборила ракета Кинжал со помош на американски системи.
Рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година изјави дека оваа ракета е „совршено оружје“ што е исклучително тешко да се пресретне.