Украинците во Бахмут првпат ги употребиле американските „паметни бомби“

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат украински војници кои користат американски таканаречени „паметни бомби“, што е првата снимена употреба на ова моќно оружје.

Според белоруската новинска агенција Nexta, се верува дека видеото е од јануари оваа година.

Инаку, на самиот крај на минатата година, САД одлучија да го испорачаат ова оружје во Украина. Станува збор за комплети JDAM (Joint Direct Attack Munition) кои ги претвораат „простите“ гравитациони бомби во прецизни проектили водени од GPS систем.

JDAM е наменет за бомби во опсег од 227 до 907 килограми.

Во зависност од висината и брзината на авионот од кој лета, JDAM има домет до 28 километри.

Слични содржини