Украинец низ прозорец фотографирал Македонка во Пула, го принудила да ги избрише сликите

од Nikola Popovski
237 прегледи

Полицијата во Пула, Хрватска ја завршила кривичната истрага против 19-годишен украински државјанин осомничен за сторени кривични дела „неовластено снимање“ и „повреда на неповредливоста на домот и деловниот простор“.

Тамошните полициски службеници утврдиле дека на 14 јули, околу 17:00 часот по локално време, млад човек преку прозорец во туристички објект на подрачјето на Пула фотографирал 31-годишна државјанка на Македонија.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Македонката му го одзела мобилниот телефон, поради што 19-годишникот влегол низ прозорецот и ја замолил да му го врати, што таа го сторила тоа откако тој ги избришал фотографиите што ги направил од неа.

Кривичната пријава против осомничениот е поднесена до тамошното надлежно државно правобранителство.

Слични содржини