Украинец му сврте грб на Ѓоковиќ: Ноле се јави да помогне, а сега и јавно беше прозван

од Nikola Popovski

Поранешниот украински тенисер Сергеј Стаховски за само неколку месеци го промени мислењето за Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во март го контактирал Стаховски на социјалните мрежи и го прашал дали му е потребна помош, како и на неговиот народ.

Тогаш Украинецот имаше само пофални зборови за српскиот ас, но сега ја „промени плочата“.

„Новак Ѓоковиќ не искажува став кој може да го наруши неговиот имиџ. Тој сака да биде сакан во неговата земја. Тој ја игра својата игра“, рече Стаховски.

Поранешниот тенисер го пофали Роџер Федерер, кој не зборува често за незгодни прашања.

„Роџер е секогаш неутрален, тој е Швајцарец. Никогаш не одговара на незгодни прашања и затоа е недопирлив, никој ништо не му може. Од друга страна, направи доволно затоа што собра многу пари и смести украински деца во кампови во Швајцарија“.

Во март, Стаховски ги прозва и Роџер и Рафаел Надал оти не ја осудија агресијата на Русија.

„Ѓоковиќ ми испрати порака за поддршка, малку разговаравме. Се обидов да контактирам со Роџер и Рафа. Жал ми е што избраа да молчат. Ги разбирам, ова не е нивна војна“, информирал тенисерот.

Слични содржини