Украинска гранична служба: Припадници на групата „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Украинската гранична служба (ДПСУ) денеска потврди дека припадниците на приватната воена група „Вагнер“ пристигнале во Белорусија од соседна Русија, јавува Би-Би-Си.

ДПСУ наведува дека во тек е проценка за тоа колку „вагнеровци“ има во Белорусија, која исто така ја дели границата со Украина, како и нивната точна локација и цели.

Во непотврдена информација се наведува дека конвој од околу 60 возила на групата „Вагнер“ рано утринава ја преминал границата со Белорусија.

Слични содржини