Украинска војска: Извршивме уште еден разорен напад

од Radmila Tasevska
124 прегледи

Украинската војска извести дека се случил уште еден разурнувачки напад врз руските војници, пренесува Си-Ен-Ен.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека околу 500 руски војници биле убиени или ранети во нивниот новогодишен напад врз Чулакивка, град во јужниот украински регион Херсон.

Наталија Хумениук, портпаролка на вооружените сили на Украина на југ, изјави за украинската телевизија дека „ова е едно од нашите најголеми достигнувања на овој дел од фронтот“. Таа додаде дека ќе има уште напади.

Си-Ен-Ен не може да го потврди тврдењето на Украина, а Москва сè уште не го коментираше нападот.

Сепак, нашироко читан руски воен блогер познат како „Операција З“ во објава на Телеграм во вторникот рече дека „нема сомнеж“ дека Украина сега цели на касарните и другите упоришта на руските трупи со ХИМАРС.

Доколку украинските информации се покажат како точни, ова е веќе втор смртоносен напад врз Руси оваа недела.

За потсетување, руското Министерство за одбрана објави дека 63 војници загинале на новогодишната ноќ во експлозија која уништила привремена касарна во стручното училиште во Макијевка, збратимен град на окупираниот Доњецк во источна Украина.

Украина и некои руски националистички блогери проценуваат дека бројот на загинати е многу поголем и дека е во стотици, наводно дури 600 загинати. Проруските власти тврдат дека таквите бројки се претерани.